Антје Стен е поетеса и визуелен уметник. Родена е во Германија, а живее во Италија. Од 1990 ја промовира својата работа во Европа и САД интегрирајќи ја поезијата со уметноста. Дел е интернационалната организација “Poetry is my Passion” во Милано и организатор на транскултурни настани. Го уредува меѓународниот поетски блок “Milano, una città mille lingue“ за поетското списание TamTamBumBum. Од 2019 е дел од интернационалното поетско движење Realismo Terminaleосновано
од Giudo Oldani, а од 2020 год. е дел од научниот одбор на Малиот музеј на поезијата во Пјаченца (Piccolo Museo della Poesia di Piacenza).


МЕНУВАЈЌИ СЕ

Исфрлен од шините на биологијата

жежок од медиумска треска

стравот смрди како

изгорено квачило за сопирање

незабележливо лизгајќи се

надолу по респираторниот тракт

во празнината

внатре во куќата

луда ковчеста осаменост

гестикулира

зарезите паѓаат

низ закопчаните ролетни

како сребрените рипки што паѓаат од книгите

минатиот живот

внимателно здиплен

прави клекнувања

на подот

НЕСПЛЕТЕНИ КОНЦИ

Би сакала да ти ги покажам семињата

јасмин во нивната обвивка

како лежат во сосема мал простор

превиткани и едно врз друго

тивкиот живот што не може да се определи

ги лупи од нивната мешунка!

збор по збор

изолираните гласови во форма на падобран

бараат место за слетување

Слобода!

убав збор е, нели?

збор како џемпер

навиран на главата

илјадници пати со сигурна рака

одеднаш тоа е погрешно направено

несплетените конци висат

околу утопијата

на отвореното општество.

Препев од англиски: Даниела Андоновска-Трајковска