Атила Сабо Палок (Сабо Палоч Атила) е роден во 1971 година во градот Сента, Војводина. Дипломирал на Академијата за уметности во Нови Сад. Својата прва збирка поезија ја објави во 1993 година во Нови Сад. Оттогаш, има објавено 18 книги, главно поезија и проза, но и драмско и книжевно новинарство. Пишува на унгарски јазик, објавува книги во Нови Сад, Сента, Суботица, Осиек и Будимпешта, а една книга е објавена  и на унгарски во Украина. Редовно преведува од англиски и јужнословенски јазици и има објавено повеќе книги со преводи. Живее и работи во Унгарија, а  од 2004 година и е член на Унгарската асоцијација на писатели. Добитник е на Повелбата Морава (Здружение на писатели на Србија). Кон крајот на 80-тите години беше еден од основачите на театарската група АИОВА. Автор е на повеќе радио драми, кои се емиирани на Радио Нови Сад. Неговите претстави се премиерно изведени на репертоарот на театарот Новодски, Детскиот театар во Суботица, театарот Кожтолањи Дезу Шинхаз во Суботица и театарот Јожеф Атила Шинхаз во Будимпешта и.т.н Има режирано неколку театарски претстави.

РЕЧИ, ШТО ДОЗРЕВА… 2016

Речи ми,  што ја дозрева  судбината на оној

кој оставајќи сè, кренал на пат,

пешки, или пливајќи

преку убиственото море

низ смртта веслајќи,

од разрушениот град на децата,

семејството, животот кој ползејќи го спасува

и најмалата надеж демнејќи ја?

Речи ми,  што ја дозрева  судбината на оној

кој за опстанокот на грутката родна

ни трошка шанса нема

загрозен од смртоносните оружја

пред неразумното клање

во збег принуден

иако местото каде што предците му почиваат

никогаш не сакал да го напушти?

Речи ми,  што ја дозрева  судбината на оној

кој по патот на бегалците оди

безнадежно, кој со џебови празни

во белиот свет лута

кому ни дршка од мотика не му следува

кому ни трошка во мустаките не му игра –

помеѓу мисли тмурни кој скита

и кој во некоја работа бедна бара спас?

Речи ми,  што ја дозрева  судбината на оној

кој ститина, илјада километри

пешки ги поминува по патиштата на Балканот

кој со крвави нозе чекори

и со стапот лисјето паднато го боде

кога нема повеќе каде да се потпре

немислејќи на сопствените рани

Речи ми,  што ја дозрева  судбината на оној

кој не е способен повеќе да процени кои рани

сè  подлабоки, раните оние кои на телото свое

на крвавите носници или раните на душата се                  

подлабоки, уште повеќе и уште повеќе жилите     

разорно му длабат во месото, во трагата на болот

Речи ми,  што ја дозрева  судбината на оној

кој во прашината на патот крвав

траги остава и не го прави тоа

за како во приказните древни

залутаните деца да го најдат патот до дома,

не; до заодот оди така оставајќи

трага зад себе што лесно се следи?

Речи ми,  што ја дозрева  судбината на оној

чиј пат безнадежен

омразата на континентите ја следи,

додека пред заканите смртоносни

за себе конак, преноќиште си бара

и судбата што во него си дозрева,

со каква ли сметка?

Препев: Борче Панов