Валерио Орлиќ (Риека,1967) основач е и почесен претседател на Хрватското книжевно друштво како и рецензент на издавачката дејност на ХКД. Уредник е на списанието „Крик„ како и во уредништвото на списанијата „Книжевно перо„ и „Задарски книжевен летопис”. До сега има објавено давесет и една збирки поезија. Книжевните дела му се застапени во антологиите и списанијата во земјата и во странство, а преведуван е на тринаесет светски јазици. Добитник е на повеќе меѓународни книжевни награди од кои ги издвојуваме наградата „ХОМЕР„ за придонес во европската и светската литература во Брисел (2018) и Балканска награда за поезија Караманов 2019. Член е и почесен претседател на Хрватското книжевно друштво, член е и на Хрватската писателска асоцијација (Загреб), Хрватското здружение и др. Иницијатор е на неколку значајни книжевни списанија, манифестации и награди. Добитник на Балканската награда за поезија  „Караманов“ (2019).

ИСКРА УБАВИНА

преместувам зборови

помрднувам време

привлекувам далечини

се отворам себеси

за непознати допири

се приближувам себеси

кон себе кон тебе

кон другите

и земам

примам

и давам

вечна искра убавина

ОБЕЛЕЖУВАМ ЅВЕЗДИ

Уморен од светот,

смачкан во сопствената бездна,

нудејќи милостина,

обележувам ѕвезди

препознавајќи се

во една.

ДУША

Со рацете не можеш да ме прегрнеш,

како воздух сум.

Навикни се на тоа,

не постојам, ме нема.

Се сокривам во телото на ангелот,

во утробата на земјата,

во прегратка на небото.

Ја предизвикувам среќата и се издигнувам,

над изгорениот оган

и семоќниот пепел.

Оклопот свој телесен

го предавам на совршениот облик.

Душата е мојата димензија.