Вања Ангелова е поет, преведувач, научник, лингвист, професорка е на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Велико Трново и е експерт кон Меѓународниот оддел на Универзитетот. Член e на Унијата на бугарските писатели (СБП), член e на Управата на Унијата на независните бугарски писатели и секретар за меѓународните односи (СНБП), член на Унијата на бугарските локални историчари, како и на други национални и меѓународни творечки соjузи, вклучително и Унијата на српските писатели (СКОР),Здружението за литература,култура и наука „Бран“ – Струга, на Движењето на светските поетеси„Donne e poesia“, на Движењето на светските поети „Pоеtas del Mundo“ (Сантяго, Чили). Почесен член е на Унијата на писатели на Ерменија, на Друштвото но писатели Битолски книжевен круг, на Друштвото на хрватските писатели,  на Друштвото на балканските писатели, почесен академик на Националната академија на науките и уметностите на Чувашиjа, почесен работник на културата на Република Чувашија, полноправен член на ЧНАНУ, почесен академик на Чувашија. Таа е автор на 80 книги со поезија и проза. Добитник е на многу национални и меѓународни награди. Член е на Меѓународното жири за поезија од Република Бугарија во Брисел, Белгија, почесен член на НСПУ, како и носител на орденот на Света Ана III степен, итн.

НЕКАДЕ

„Јас не живеам и сепак живеам …”

                        Осип Мендељштам

Некаде

помеѓу ништото и нештото

е и мојата илузија,

дека сум жива.

Химерата на среќата

одбива средба со мене,

а јас не сум бесрамна

и не можам

да се наметнувам повеќе.

И останувам со илузијата

дека сум жива,

додека Химерата на среќата

си подготвува средба со други.

НАДОЛУ

Надолу, надолу, надолу…

Каде повеќе?

По тој пат

никаде

не сакам

повеќе да одам.

Ако треба

да ми пресушат

очите,

нека!

Или, или…

Нема што повеќе

да губам,

затоа што го изгубив одамна

животот!

Само можам да молам:

да си ја вратам повторно

насмевката,

да не ми е

секогаш притиснато

срцето

во окови.

Можам само да посакувам.

Но, верувам ли?

Не ми остана

дури ни зрно од синап

за птиците.

Како да се пресретнам

со утрото?

Ме спречи

темнината на покривот.

ОЧИ

Очите не ја кажуваат

секогаш вистината,

што сакам да ја видам.

Давам можност

да бидам излагана

уште еднаш.

Колку многу можности

за другите

и ништо за мене!

Доволна ми е

светлината.

Подготвена сум

да дигнам очи!