Данте Мафија е италијански поет и универзитетски професор. Номиниран е за Нобелова награда за литература, а преведен е на 18 јазици. Добитник е на наградите: “Montale”, “Gatto”, “Stresa”, “Viareggio”, “Alvaro”, “Matteotti”, “Camaiore”,
“Tarquinia Cardarelli”, “Circe Sabaudia”, “Rhegium Julii”, “Alda Merino”, “Eminescu”, златен медал за заслуги во културата од претседателот на Италија (2004). Има добиено посебно признание
Honoris Causa од Папскиот универзитет.

AD ACO KARAMANOV

Здраво, Ацо, со очи на бик,

„твојот профил“, би рекол Борхес,

страшен е како меч кој чека.

Да ​​одиш во битка и да ги предизвикаш Боговите

и тоа си го сторил со невиноста на поет

свесен дека зборот

вечно го задржува топлиот вкус

на козјото млеко.

Дали знаеше дека поетите не умираат никогаш

дали знаеше дека ќе зборувам со тебе

да те поканам вечерва на забава

на која ќе пијам

седумнаесет пехари со црвено вино.

Твојата крв повторно ќе потече.

Превод од италијански на македонски: Сања Атанасовска

ТОЈ КОЈ ГО ЧЕКА КРАЈОТ НА СОНОТ

Тој кој го чека крајот на сонот е лажго

кој си го губи времето во самоизмама.

Ветувањето за реновирање нема никогаш да заврши.

Книгите од Александрија се чуваат

Во моето срце кое ги украде од една ѕвезда.

Ништо не може да биде изгубено засекогаш.

ВО ПОГРЕШЕН ПРАВЕЦ

Тие немаат рид за спиење

Ниту гробница. Ниту гроб за да се одморат.

Затоа, не прашувај каде се.

Денес овде, утре далеку.

Тие кои присуствуваа на горењето на клада се убија сами;

Тие кои умреа умреа повторно.

На денот на умрените пламените брзо се истураа

И ги демонтираа вратите. За миг

умреа сите и читателите и чуварите;

Пајаците, сребрените рипки и глувците изгореа до смрт.

Затоа не прашувај каде се.

Во длабочините на морињата сирените липаат.

EFRITO CACASIPULOS

Не е важно сега

Дали сум бил писател или не. Моето име

Не постои веќе никаде,

на ниту еден пергамент. Некое

фатално одвлекување на вниманието

го погоди сеќавањето на боговите

Изворите циклично страдаат од такви иманентни несреќи.

Рекоа дека моја вина е што огнот танцувал.

Јас сум ги камшикувал обичаите, моите дела

биле филтери на мудроста. Дури и Ератостен

ме прогонуваше со месеци. Ме чекаше

пред мојата куќа, ме навредуваше плачејќи,

библиотеката е пријатно катче, а не храм, постојано повторуваше.

Нечујните разговори

едвај ги разбирам. Разбрав асмо

дека се удавил во Нил. А јас, спротивно на него

умрев како идиот, обидувајќи се и обидувајќи се

повторно да го напишам секое мое дело, поглавје по поглавје.

На крајот мракот го обвитка мојот ум

И еве ме пак, сенка што стенка, бескорисна

Случајност во едно безвремено време.

Препев од англиски: Даниела Андоновска-Трајковска