
Елка Њаголова (1952, Добрич) е поетеса и писателка со објавени 20 поетски книги во Бугарија и уште 11 книги објавени во други држави: Русија (2), Франција, Украина, Србија (2), Македонија, Полска, Хрватска, Грција. Носител на национални, но и на меѓународни книжевни награди: Полска, Русија, Србија, Литванија, Црна Гора, Северна Македонија, Велика Британија и др. Преведена е на 20 јазици. Преведува современи словенски поети од 5 јазици. Член е на Сојузот на Бугарските писатели, претседател на Славјанската литературна и уметничка академија, директор за Балканот на Меѓународната асоцијација на псиателите, член на Академијата за руска славистика, Академијата за руска литература и главен уредник на „Знаци“.
ВАВИЛОН
На Љубомир Левчев,
кој пред многу години ми рече:
„зборовите имаат способност да се остварат“
Вавилон се врати.
Ја тресна вратата.
Тој влезе во домот на ова бучно човештво.
Неверојатни знаци фрли на небото.
И тие заврнаа со дождот …
Вавилон се врати.
Ги затвори ролетните.
Очите на луѓето станаа матни.
Со некоја ножици, многу голема, ги исече
безбројните јазици на птиците и птиците полудеа!
Вавилон се врати.
Ги скрши клучаките.
И тие заѕвонија, ужасно свенати
над оваа земја каде што одат ранети души лунѕаат,
без да знаете: Вавилон дојде ноќва!
Вавилон се врати.
Календарите се скршија.
Ги размести и книгите. Чудно, мудроста попушти.
Луѓето веќе ги читаа наопаку сите наслови.
Гласно. И во ушите никнуваше пиреј …
Вавилон се врати.
Среде петок.
Љубовта си то спакува багажот во патната торба.
Чекај! Опамени се! Не се откажувај
на некој Вавилон таму! Дождот плискаше –
неверојатни знаци врнеа од секаде.
Во гардеробата на светот
сите чадори беа собрани…
А јас – исплашената гардероберка, со бела јакичка,
Не знаев што да правам на Велики петок,
во кој Вавилон се врати …
Препев од бугарски на македонски: Борче Панов