Емилио Паз (Лима, Перу) е професор по филозофија и религија. Автор е на три книги поезија. неговите дела се објавувани насекаде во Перу, Чиле, Аргентина, Венецуела, Колумбија, Еквадор, Бразил, Коста Рика, Мексико, САД, Романија, Шпанија, Индија, Куба, Бангладеш, Бугарија и Италија. Се занимава со проучување на поврзаноста меѓу естетиката, образованието и поезијата. Го води блогот El Eden of poetry (https://edenpoetico.wordpress.com/), и раководи со The Kametsa Magazine.


ПИНОКИО

Пинокио не беше направен од дрво,

туку од соништа

Неговото име беше напишано

на песок,

на стопено железо.

Парадоксално.

Пинокио беше сон

на еден човек

кој умира

CORPO LUMINOSO

Телото е стандардна мерка.

Должината и периелионот се завршени

во проѕирен збор што излегува

од тој прецизен бакнеж

што потсетува на српеста месечина.

Телото има артикулирано вдлабнување во клучната коска,

бенка од самрак во папокот.

Папочната врвка останува спокоен остаток

од времето кога смртта не беше исплашена:

тоа беше време пред Шпанското освојување.

Сега, телото е постоење

кое најчесто е повикувано од отпорот

а се компензира со револуцијата.

Телото е стандардна мерка

со која ја разбираме широчината што постои

меѓу животот и смртта.

ПАЈАК

Пајакот  е песна со осум нозе.

Секоја нога е еден стих.

Секој стих е брана.

Секоја брана е тишина.

Препев од англиски: Даниела Андоновска-Трајковска