Иван Христов(1978) е поет и литературен критичар. Автор на четири поетски книги, а е преведен на над 10 јазици. Во 2015 год. му излегува книга на турски јазик, во 2018 – на француски во рамки на проектот „Версополис“. Од 2010 е член на организациониот комитет на меѓуанродниот фестивал „Поетики“ (Софија). работи во Инситутот за литература при Бугарската академија на науките.



Лари

Сето тоа се случи

на брегот на едно езеро

во државата Винсконсин,

кога Лари ми ја отстапи

својата гостинска куќа.

Мала куќа

со фотографии по ѕидовите

со бања, кујна и тоалет,
со пијано, машина за пишување

и дневна соба.

Лари тогаш не знаеше,

дека претходно живеев

со семејството Василеви,

кои најмногу стравуваа

да не станам алкохоличар,

иако нивниот син беше

алкохоличар и една ноќ

ми го украде телевизорот.

Потоа живеев со Крум.

Кога влегов во неговата бања

сосетката се развреска

дека има вода во ходникот.

(Мислам, дека Крум се немаше

бањато десет години).

Лари не знаеше

дека живеев со Симон,

на улицата Раковски.

Собата беше убава,

но немаше прозорци.

Купив една ламба,

која ја вклучував ноќе,

за да не се будам како во ковчег.

Живеев дури и во еден подрум,

во касарната,

со Гонзо – гол сирак,

кој секое утро

отвораше очи

и палеше цигара.

Пријателу, Лари,

Колку нешта не знаеш!

Ти благодарам,

што ми ја отстапи

твојата гостинска куќа.

Биди благословен,

затоа што сега ги пишувам овие стихови

на твојата машина за пишување.

Препев од бугарски на македонски: Борче Панов