Калина Изабела Зјола е полска поетеса, преведувач, книжевен критичар, новинар
и аниматор на културата. Нејзината поезија е преведена на повеќе јазици, а е објавена е во многу
книжевни списанија и антологии. Член е на Сојузот на полски писатели, на книжевниот клуб „Дабровка“ во Познањ,
на Здружението на светските писатели Поетас дел Мундо, секретар на Управниот одбор
на Здружението на полските новинари и почесен член на Друштвото на писатели на Ерменија, Друштвото на независни бугарски писатели, Друштвото на писатели на Хрватска, Друштвото на писатели на Украина, Битолскиот книжевен круг,… Член е на повеќе
жири комисии за книжевни награди. Има објавено 16 поетски книги, а е добитник на повеќе значајни интернационални книжевни награди.

ОЧЕКУВАЊЕ

очекувањето е

како лошо решение на новата улога

никогаш не знам

каква слика

ќе видам во последниот агол на огледалото

нежно го притискам

долгиот казалец

на исправениот часовник

ги масирам колковите од

ненадејната возбуда

кога излегувам

ги отфрлам од себе

сите лоши мисли

облечена само

во свила на твоите дланки

јас повторно чекам

БИДГОШКАТА ВЕНЕЦИЈА

темното пиво на брдото

е со многу поразличен вкус

отколку во чешка Прага

таа е како постела

на површината на речните алги

и горчината на разделбата

тешките закачени катанци на мостовите

како и во Венеција

ги поврзуваат бреговите со шарен свод

осамената клупа на шеталиштето

замислено гледа

неделните рибари

упорно ги чекаат

уморните минувачи

или желните љубовници

врбите се огледуват во реката

ветрот им ги чешла

долгите зелени коси

и јас се огледувам во водата

можеби таа ќе ме запамети