Мамта Сагар е позната Канадска поетеса (еден од поголемите дравидски јазици на Индија, драматург и преведувач од Бенгалуру. Нејзиното творештво е фокусирано на политиката, феминизмот и културниот диверзитет. Нејзините поетски настапи се мултимедиумски и повеќејазични, а ја истражуваат и можноста за поврзување со музиката. Активно се занимава со меѓународни проекти. Добитник е на значајни книжевни награди. Работела како универзитетски професор по компаративна книжевност, преведување, феминистички, постколонијални и културни студии. Била кустос на повеќе книжевно-уметнички фестивали и реализатор на поетски и преведувачки меѓународни работилници.  Основач и директор е на Kaavya Sanje Trust.

ПЕСНА ЗА РЕКАТА

Во реката се небото,

облаците, сонцето.

наместо чаша во рацете држам река.

Ако ги подигнам рацете набрзина,

реката се истура во капки, распрснувајќи ги

небото, облакот и сонцето врз мене.

Ако ја испијам реката од моите раце

тогаш во мене се

сонцето, облакот, небото.

Кажи ми тогаш, кој е во кој?

ПОВТОРНО ДОЖД

Јас и тој

наводенети;

во далечината помеѓу нашите заварени тела,

и јас сеќавајќи се

на мрачните густи шуми во неговата земја.

Високи дрвја,

љубовни гнезда на секоја гранка

„и таму врне исто вака“

шепоти тој

неговите црни локни

си играат врз моето чело

а јас шепотам:

„и тука врне исто како и таму“

молњата ги исполнува очите

и желбата врне.

Мојот врел здив

си игра врз него;

неговата насмевка

си игра врз моите усни.

Дождот чека надвор

додека чекаме и ние, станувајќи влажни одвнатре;

тој – дождот во мене

јас – дождот во него

и без мене

и без него.

Сега

неговите сеќавања истураат како дожд

како заборавен сон;

и се враќа овде

мирисот на неговата љубов,

а таму

– моето сеќавање капе

во неговото срце.

Дожд, истура

и тука и таму.

Препев од англиски: Даниела Андоновска-Трајковска