Петар Андреј – поет и пејач, музичар и музички продуцент. Се појави во осумдесеттите години од 20 век како член на легендарните Lauženkov nahkasla, со мешавина од балади и пародии од Штаерска.

СВЕТЛИНАТА НА АВГУСТ

Со вечерните очи се впила во мене,

во ритамот на брановидните колкови.

На исушеното пристаниште

бев школка на нејзините звуци.

Високата солена плима на времето

минала низ жални спомени,

минала низ теранските усни

и во срцето ме плиснала.

Зад темно сините веѓи,

возљубеното море и небо,

со светлината на август во брановите

си играат и дошепнуваат:

Чувствувај го ветрот, ветрот,

што се враќа од пустината,

ветрот што во саваните на лавовите ја мрси гривата.

Ветар, ветар,

кој ги развихрува птиците во облаците,

ветер што ги пени брановите  на жешката карпа.

Чувствувај го на стапалата јазикот на водата,

каде што танцувавме и со стапки

љубовни писма во песокот  пишувавме.

Чувствувај како морето љубоморно брише

и во себе повлекува сè

што од дното му украдовме,

додека на брегот не остане само сол и светлина

и ние двајцата, поспани и солени,

кристали.

Чувствувај го ветрот, ветрот,

што се враќа од пустината,

ветрот што во саваните на лавовите ја мрси гривата.

Ветер, ветер,

кој ги развихрува птиците во облаците,

ветер што ги пени бранови на жешката карпа?

Чувствувај го ветрот, ветрот,

кој ги љуби ливчињата  цветни,

ветерот, кој брише сè

и засекогаш исчезнува

Препев од словенечки на макеоднски јазик: Борче Панов