
Нермина Омербеговиќ, родена 1964 година во Сараево, е босанска новинарка и поетеса. Работи како новинар во Федералната новинска агенција на БиХ (ФЕНА БиХ). Објавувала поезија и книжевна критика во весниците и списанијата Balcanis, ProFemina, LeteR International, Life, Faces, Apocalypse, Tide и Secession… Досега ги има објавено збирките поезија „Растење“ (Друштво на писатели на БиХ, 1996 година), „Повикување на допирот“ (Синопсис, 2006) и „Разговори за Лилит“ (Публикации ШУРА, 2015 година. Опатија).
ФАНТАЗИИ
Некогаш мислев дека сериозните поетеси
завршуваат со главата во рерна како Силвија Плат
Којзнае зошто тоа било привлечно и романтично.
Или да прошетаат до реката како Вирџинија Вулф.
Замислував како во широк фустан
со напишаните песни лебдам.
Понекогаш пак повторно размислував
Дека е нормално
да ѝ се случи туберкулоза на поетесата
како на Емили Бронте.
Денеска размислувам за тоа
Како греачите во мојата рерна не работат.
Како реката
до која живеам
не е романтична
и како од туберкулоза
дури и деца умираат некаде.
Поезијата
е се помалку романтична денес.
Препев на македонски: Борче Панов