Том Филипс е роден во Бакингемшир во 1964 година. Тој е слободен поет, писател и предавач кој живее во Бристол, Велика Британија. Неговата поезија е објавувана во списанија, антологии ипанорами. Коосновач е и на проектот за Англо-Бугарската онлајн визуелна арт/поезија „Обоена Ѕвезда” и на неформалната мрежа на писатели и уметници во Југоисточна Европа и Велика Британија. Автор е на 4 поетски книги и 6 драми.

ЧАШКА РАКИЈА

По улицата животот поминуваше

Шапка и долго палто носеше.

Не сакаше да го видат.

Но да ме измами тој не можеше.

Сопри крадецу, сопри! Извикав.

Јадосан животот ми беше

И објаснување ми бараше,

па така, со желба за разум,

го поканив на пијалок.

Во градината на ресторанот,

Животот седна спроти мене

И бавно ја испи својата ракија

„И?„ ме праша тој најпосле

„Од тие луѓе„, му одговорив,

„си им ги зел забите,

Нивната коса, нивната надеж„

Наместо да одговори.

Животот едноставно се засмеа

“Вистина е”, му велам, “им крадеш

се` што прават и секоја шанса

за среќа и љубов им ја ништиш

Животот продолжи да се смее

и кон другата маса, одеднаш,

покажа и ми рече „Го гледаш ли

човекон со костумот црн?

Кој е тој, мислиш бизнисмен е,

политичар? Не, тој е тој

кој го прави рекетот.

Тој е тој кој ме краде.

Многу добро го познаваш.

Враг твој е. Смртта е тој.„

ПОСТЕПЕНО ЗАПОЧНУВА                                                           

Надоаѓа пролетта

како мачка што верува

дека може да оди

на врвот од шепите

до крајот на гранчето најтенко

од дрвото највисоко.

Толку е зелена,

презаситена со надеж

и толку наивна.

Постојано таа се враќа –

секогаш и` се насмевнуваме

и на улица излегуваме

за да ја поздравиме

и пак да ги примиме

нејзините илузии –

нејзиниот подарок.

Препев од англиски и бугарски на македонски: Борче Панов