
Хава Пинхас-Коен е израелска поетеса, предавач по книжевност и уметност, реализатор на работилници за пишување проза и поезија во Ерусалим. Уредник е на поетски и уметнички книги. Работи на својата докторска дисертација, основач е на списанието DIMOOY за Еврејска литература, уметност и култура во 1989 и до ден денес го уредува, основач и уметнички директор е на “Kissufim” конференцијата на Еврејските писатели и поети која по петти пат се одржа во 2019 год. Има објавено 12 поетски книги, една коавторска книга, а песните ѝ се преведувани на многу светски јазици и објавени во повеќе светски списанија и антологии. Во 2017 излегува нејзина книга на македонски. Пинхас-Коен е добитник на повеќе книжевни награди.
ОД ПЕСНИТЕ НА ДОМОТ
А.
Постојат птици – преселници
И постојат подвижни песоци
Постои и Евреинот – Скитник. Вид растение.
Но, тоа се само именки
Еднаш, здогледав вљубен пингвин покрај
другиот, со ледено срце
Тој ѝ донесе камен на саканата во нејзиното
гнездо
А подоцна дури и здробена коска
Пердув, што беше го изгубил некој друг
„Тоа е само северна бајка“ – ми рече тој
„Ние имаме сидро“ – додаде, што се чини дека е
вљубено
Со сета своја душа и сета с воја сила
Заминувајќи со куќните прагови во својата
рака.
Б.
Тие требаше да не чуваат како азно
Но, кога оголеа памуковите полиња
А првите сезонски дождови пристигнаа како
и обично
Мојот кревет стана врел и шумата беше во пламен
Мирисот на огнот ги предизвика птиците набрзо
да одлетаат
Зад себе ги оставивем старите первази од
вратите и портите
Отворени, голи и исплашени
небаре сме ги оставиле
Зад нас
Самите нивни души.
Препев: Елизабета Шелева