Христос Кукис (1979, Атина) е поет од Грција, директор на меѓународниот поетски фестивал во Крит и уредник на книжевното списание „Поетика Нет“. Учествувал на многу светски значајни поетски фестивали. Неговата поезија е преведувана на повеќе јазици.

1. ПАРАБРОДОТ МАТАРОА

Избувна војна и букнаа веднаш сексуалните задоволства во нас Пророштвата се претворија во хартиени пари и хартиени пари во пепел во земјата исфрлена од прегратките на самиот сон

Вина по вина ја распнувам бездната со грабејќи ја оградата на светкавото тло Читам трагичари додека пливаат низ каналот на мината стварност Само така не сум похотен и не ја будам првата крв

Не можам да спијам кога ќе те видам како собираш здив или два од секоја сезона:

шушкање од пожолтени лисја, брзината на северните ветрови летните пладневни дамари, свирежот на снежните покриви посмртниот ѕвекот од поплавените потоци и криците на галебите

кликотот на ластовичките, воздишката на ливада што испарува галопирањето на планински врвови, длабочина на азурот разбушавенто прскање на облаците и темјановиот мирис на на влажната земја барут на грмотевицата, трепкањето на маглата пролетните шини, компасите на овошјето чадот на поплавата и пепелта на сончевата светлина.

Успехот на мразот и гладот на грешките

со векови нашите солзи бараат парче леб

ЦРВЕНА МЕСЕЧИНА

Барутот на црвената месечина ги онесвести завесите на срамот Ќе се пробудиме живи утре наутро

Ме разбудија снегулките од твојот глас Го исцедив зрелото сонце и го испив во една голтка поленот на татковината летото е рај лишен од очајувањето

Боровите ги пробиваат слоговите со сина боја Птиците фрлаат камења кон буката на возилата Сончевите зраци се потопуваат во водата за дневен крст

Цветовите ја набројуваат светлината со децимална прецизност а децата на дрвените балкони се пантомими од облаци

Тивките белутраци немаат храброст на песокот што не се налепил на влажната љубов

Сигурно сум паѓал илјада пати а сал еднаш сум станал Твоите стракчиња жито, твојата вжарена кожа Сусамот на усните, островите во виното на океанот Јазик кој се заплеткува, телото што вкусува вода

Постојат жени кои се како првите броеви: се делат исклучиво сами со себе и по единица убавина

Превод од српски на македонски: Борче Панов