Јин Шјиаојан (Yīn Xiǎoyuán, “殷晓媛”) е авангардна поетеса успешна во повеќе стилови на пишување, меѓу кои и лирика во проза, а исто така и писател со иновативен транс-жанровски пристап, мултингвален автор, основач на Енциклопедиската поетска школа (Encyclopedic Poetry School (est. 2007)), иницијатор за движењето Hermaphroditic Writing Movement и главен дизајнер на Декларацијата на  Hermaphroditic Writing



ДЛАБОЧИНА НА БОЈА ОД 32-бита

(Соопштение: Системот за тестирање на боја е активиран. Ова е прво предупредување. Ве молиме, вратете се во своите простории.)

„Забележа ли? Ова каде што се наоѓаме не е хотел. Црвените кадифени каучи, темно-златните теписи и лустерите не се ништо друго туку камуфлажа –

Ова е институција. Се чини дека другите згради биле на само еден зелен појас оддалеченост од тука, но никогаш не можеш да исчекориш надвор.“

(Со очи крваво-црвени, тој зеде чаша Длабоко Полнење од количката и ја испи.)  Едно парче ткаенина беше прикачено на таблата што беше испратена во твојата соба –

Пурпурно, внимателно исечено.

„Зошто пурпурното е можен резултат?“

Едно Јараканда дрво[1] покрај прозорецот прскаше искри во бурата, ширејќи го небото и правејќи го да крвари…

Каква личност си ти? Црвена или сина? Тие се дифузирани еден во друг во овој миг.

Погледни ги тие парчиња порцелан! Се неутрализираат едно со друго, нивните контури се мешаат –

Вазната во форма на вретено и кутијата за салфети се измешани во некаков предмет во форма на школка, како морски чешел,

Се движат и прават врева на границата меѓу светлината и сенката.

Еден лицемерен лоби менаџер и една несмасна жена се смешани во потиштениот гостин од соба бр. 1037,

Последната личност која излезе од лифтот беше притисната за ѕидот.

– – како компир завиткан во шеќерна волна! „Помош! – извика Таа.

Но ти не можеше ништо да сториш. Контурите на сѐ што постоеше се отвораа кон бесконечноста,

а границите меѓу боите беа избришани.

„Оваа компанија која се појави од никаде, објави дека го скрши грлото на шишето на Фотошоп на тој начин што успеа да направи слики од 32 бита,

што дефинитивно е зачудувачки исчекор: Градиентот го замени атласот со бои.“ Зениците на Вероника се како Grand Prismatic Spring[2]: смарагдни во средината, темнокостенливи на надворешниот прстен и окер на рабовите…

Мажите удавени во нив ги опишуваа како „крешендо на нијанси“, во него тој беше сведок како неговата душа се одделува од своето тело.

Рамките на прозорецот трепереа со меркурен сјај.

Тие широко ги отворија завесите и го почувствуваа надворешниот свет:

„Луксуз со супер 5 ѕвезди и лустрација, во 2023 година ги отворивме контурите на предметите…“

— Тоа го пишува на свитоците кои висат на овој облакодер.

Ти си роден и заробен во една ваква слика,

[1] Јараканда дрво: суптропско дрво со долготрајни и бледи индиго цветови (забел. на превед.)
[2] Grand Prismatic Spring – Национален парк во Јелоустон во кој се наоѓа најголемиот извор со врела вода во САД и третиот по големина во светот. Има впечатливи бои како што ги има виножитото: црвена, портокалова, жолта, зелена и сина (забел. на превед.)
посветла отколку во твојот претходен живот. Сепак без мирис, како и порано.Превод од англиски: Даниела Андоновска-Трајковска