Јон Деаконеску (роден во 1947 година, Тргу Логрешти, округот Горж, Романија) е истакнат романски поет, преведувач, есеист, литературен критичар и универзитетски професор. Член е на Унијата на писатели од Романија;на Здружението на новинари од Романија;на Меѓународното здружение на романски писатели и уметници во САД;на Истражувачкиот и советодавен совет и на комитетот на Американскиот институт за биографии;на Академијата на науките на Република Молдавија; на Европската академија на науки, уметности и писма ALESAL; на Европската академија на науките и уметностите од Салцбург;на Академијата на романски научници и на Академијата за култура и поезија од Монголија. Добитник е на многу значајни романски и странски награди и признанија. Автор е на над 15 книги поезија, 5 романи, повеќе антологии и книги есеи, книжевна критика и интервјуа. Неговите дела се преведени на повеќе странски јазици.

ГОЛЕМАТА СРЕЌА

Страв ми е да ја заробам слободата

Да те љубам,

Таа е налик дар што го примаш

Без дададеш нешто, за возврат.

Многу долгови имам,

Немам злато, а ни дијаманти,

Но ќе бидам многу богат

Кога ќе ми бидедозволена

Првата прегратка,

Ќе биде тоа излез од затвор,

А можебивлез во затворот

На љуботав и сништата

Што раѓаат светлина

И голема среќа.

СО ЗАТВОРЕНИ ОЧИ

Светлината, ах, каде е светлината

Која ја запали со огнот

Од твоето срце,

Птица која слободно лета

Низ буднатасреќа наутрото!

Се молам

Лесно да ја носам радоста

Кога те гледам

Со затворени очи.

ЗАЉУБЕНИ ПЕПЕРУТКИ

Залутав низ шумата

Барајќи го најдоброто стебло

За да ги издлабнам соништата

И да го претворам во креветсо рози,

Во кој ќе се одмараш

И заљубени пеперутки

Ќе налегнат на твоите трепки,

Налик минијатурни цветчиња

Одкамилица.

И тогаш, можеби,

Ќе ја разбереш азбуката на

Моите раце,

Обелоденетиво светлост.

Превод од романски: Татјана Бетоска