
Љубинка Донева (Кочани) е поетеса, псиател за деца, книжевен критичар, лексикограф. најнова книжевна преокупација ѝ е афоризмот. Член е на ДПМ. Има објавено 5 поетски книги за возрасни и 3 книги за деца (драма, авторска бајка и повест). Застапена е во повеќе антологии и книжевни списанија.
Рацете ѝ се силни
И прегратката цврста
Таа има горчливо срце
и очи што гледаат и
длабоко и високо
И сите клетки ѝ се подвижни
Сите органи здрави
а ткивото густо
И кога
за непристојна гостинка ја прогласуваат
со светлина одговара таа
и како брчка сјае од твоето лице
и не сака дувло да биде
на душа распарчена и темна
Вели
Да се пие поленот на раните
е цер што исцелува и храни.
ЗБРКА
Понекогаш
си го збркуваат календарот
сезоните
и си влегуваат во зачекорувањата
и во стапките
ненајавено
во одот.
И туку гледаш
потоците, реките, езерата
морињата и океаните
ги населиле солзи што од глечерите
на срцата се стопиле
А од бреговите блика
горчливата насмевка на пелинот.
СЕ СЛУЧУВА НЕШТО
Исцелителниот пев на водата
застана
И не скока
не танцува повеќе
по полилинејноста на животот
Пелин се напластил по покривите
ги покрил
ги поплочил улиците
и плоштадите
Пелин влегол и во пирејот
и како болест го навасал
како блага измаглина
тивко студенило
како настинка ненасетена
Незаситна.