ТРАДИЦИОНАЛНА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „КАРАМАНОВ 2020“

Млади талентирани уметници-ученици од основните училишта беа дел од овогодишната Ликовна колонија „Караманов 2020“.

Вчера во дворот на храмот Св. Троица седумнаесет уметници имаа можност во прекрасен амбиент да творат, и бидат дел од овогодишната традицонална манифестација.

Младите уметници вчера беа посетени од страна на Градоначалникот Герасим Конзулов и Секретарот на општината Драги Стојанов, а денес со мала свеченост во Центарот за култура „Ацо Караманов“ беа доделени признанија и награди за најдобрите дела и благодарници за сите учесници.

Делата изработени од младите уметници ќе бидат дел од традиционалната изложба која следува во наредниот период.