Резултати за книжевната награда „КАРАМАНОВ 2020„

Резултати за книжевната награда „КАРАМАНОВ 2020„ по конкурсот за најдобра необјавена поетска книга распишан од страна на Центар за култура „Ацо Караманов Радовиш и Управниот одбор на Караманови поетски средби

Центарот за култура „Ацо Караманов„ Радовиш и Управниот одбор на Карамановите поетски средби заедно со жири комисијата за избор на најдобри поетски ракописи добиени по конкурас за 47 Караманови поетски средби ја информираат јавноста дека:

Книжевната награда „Карманов 2020„ за најдобар необјавен поетски ракопис од македонски автори и автори коишто пишуваат на македонски јазик, со мнозинство гласови, ја добива поетскиот ракопис под насловот „РАЗДЕН„ од писателката КРИСТИНА НИКОЛОВСКА.

Образложение од страна на Жири комисијата во состав: Борче Панов – претседател и Славчо Атанасов и Јовица Илиќ – членови:

„На годинашниот конкурс за наградата „Караманов 2020„ се јавиле 25 поети со свои необјавени поетски ракописи. Од селектираните пет најдобри ракописи во најтесен избор: „РАЗДЕН„ од Кристина Николовска, „СЕЗОНА НА ПЕЛИНОТ„ од Љубинка Донева, „ЉУБОВНА БЕЛИНА„ од Христо Петрески, „ЦЕЛИНА НА ГЛАСОВИТЕ„ од Искра Пенева и „СЕДУМ„ од Ирена Јурчева, поетскиот ракопис РАЗДЕН се издели од останатите ракoписи со свoјата оригинална мозаична оркестрација и вивисекција на македонското секојдневие со универзални пораки за животните воздигнувања и промашувања, но и исклучителните вредности, сонувања и неуморното себесложување. Со динамичен и жив јазик таа иронизира, полемизира, но и ја слави инкантацијата на зборот, поради што целата стихозбирка „Разден„ добива тоналитет на една химнична егзалтација на поетскиот говор.„

Центар за култура „Ацо Караманов” -Радовиш

Директор

Изабела Ангелова

Управен одбор на Караманови средби

Претседател,

Борче Панов