Затворени двете ликовни колонии ,,Караманов-2020“ и „Св. Ѓеоргиј“ кои деновиве се одржаа во Радовиш

Вчера попладне официјално беше затворена Ликовната колонија „Караманов -2020“ со изложба на 30  уметнички дела насликани на истата. Директорката на центарот за култура Изабела Ангелова, им се заблагодари на присутните уметници учесници на ликовната колонија, која годинава беше споена заедно со традиционалната 5-та радовишка, ликовна колонија „Св. Ѓеоргиј“, поради актуелната ситуација со корона вирусот.

 На двете колонии учествуваа 15 уметници од земјава, кои насликаа 30 уметнички дела и истите вчера беа изложени пред центарот за култура, каде можеа да ги видат граѓаните на .Радовиш. Од името на Центарот за култура како органзиатор, диракторката Ангелова заедно со претседателто на  ДЛУ „ Рада“ од Радовиш Дишен Коцев,  на сите учесници им доделија благодарници, со што им се заблагодарија за учеството.