Промовирана книгата „Обредни лебови“ од професорката Павлина Кошевец, книга која ќе остави траен белег на традицијата

Со изложба на фотографии од традиционални обредни лебови синоќа пред  центарот за култура Ацо Караманов во Радовиш,  беше извршена  промоција на книгата „Обредни лебови“ од професорката Павлина Кошевец од Радовиш, книга која ќе остави траен белег во етногравската наука во земјава.

Во присуство на повеќе поканети гости промоцијата ја изврши професорката Гордана Здравкоска која како што рече книгата ја следи од нејзиниот зародиш од пред неколку години  и знае колку авторката Кошевец вложила труд, за да конечно книгата добие заокружен облик, книга која не враќа назад кон корените.