Наскоро, од печат ќе излезе поетската книга „РАЗДЕН„ наградена со наградата „Караманов 2020„ за најдобра необјавена поетска книга од македонски автор. Автор на оваа прекрасна книга е истакнатата македонска писателка и книжевен теоретичар – Кристина Николовска за поетскиот ракопис „РАЗДЕН„ Издавач на книгата е ОУ Центар за култура Ацо Караманов Радовиш.

Длабока благодарност до издавачот Центар за култура “Ацо Караманов” од Радовиш, Советот на Караманови средби и на жири-комисијата во состав Борче Панов (претседател), Славе Атанасов и Јовица Илиќ (членови), за укажаната чест мојот поетски ракопис “Разден” да се удостои со престижното признание “Караманов” за 2020. Караманов е голема инспирација, а Карамановите средби се достојна културна манифестација која расте кон светско ниво и трајни вредности.
Кристина Николовска, 10.11.2020.