Центарот за култура Ацо Караманов Радовиш и неговиот организационен одбор на 48. Караманови поетски средби распишува конкурс за поетска творба

Право на учество имаат учениците од основните и средните училишта од Република Северна Макединија.

Правила за пријавување:

  • Темата е: Ацо Караманов – живот и дело или теми од животот
  • Изработеното дело – лирски прозни записи (песни во проза) треба да е од еден автор
  • Изработеното дело треба да е оргинално, да не ги прекршува начелата на авторската сопственост и да не повикува на насилство и нетолеранција
  • Не дозволено делото претходно да е објавувано на други места односно треба да е наменето само за потребите на овој конкурс
  • КРАЕН РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ: 30.11.2021година
  • Изработеното дело се доставува електронски на следниот email: aco.karamanov@yahoo.com заедно со следните податоци:
    • име и презиме на ученикот,
    • еmail адреса,
    • адреса на живеење,
    • контакт телефонски број од родител,
    • училиште,
    • возраст/одделение,
    • име и презиме и email адеса на менторот.
    • Со називка: КОНКУРС ЗА ПОЕТСКО ДЕЛО

Делото треба да содржи најмалку 12 а најмногу 30 стихови, да биде напишана со фонт Times New Roman (МК) – големина на буквите 12 и со единечен (single) проред.

За уредни ќе се сметаат само пријавите што ќе ги содржат сите потребни поднесоци. По извршената селекција од страна на стручното жири, најдобрите песни ќе бидат наградени, а пофалниците и наградите за учениците и менторите свечено доделени во просториите на Центар за култура „Ацо Караманов “ – Радовиш. Сите творби кои ги задоволуваат критериумите дадени според конкурсот ќе бидат објавни во Стхозбирката – книга со песни, дизајнирани со слики изработени од Детската ликовна колонија „КАРАМАНОВ 2021“.

Напомена: За потребите на книгата потребно е сите деца и менторите да дадат и по една своја фотографија и многу кратка биографија, каде учат и сл.

При претставувањето на книгата, на Карамановите средби ќе биде поканет и познат писател за деца – Васил Мукаетов. Во овој сегмент на средбите ќе се обратат и поети – ученици од странство на 48. Караманови средби.

Контакт и дополнителни информации:

ОУЦК„Ацо Караманов“  032 634-975

Советник за образоание : Борче Панов  075 493 177

Професор: Јовица Илиќ 070 328 798

Директор на установата

Изабела Ангелова