ЈАВЕН ОГЛАС За вработување на еден (1) извршител на неопределено работно време

Врз основа на член 76-а, 76-д, 77-а став 1 и став 2, 77-б, 77-в, 77 – г и  77 – д од Законот за култура („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16, 11/18 и 11/18), а во врска со Одлуката за потреба од работник со објавување  на  јавен оглас  бр. 02-141/1  година, врз основа на  член  22  од Законот за работни односи (’’Службен весник на Р.М. бр. 62/05, 106/08, 161/08,114/09, 130/09, 120/11, 10/12, 11/12, 13/13, 25/13,170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/16), како и врз основа на Согласност  од  Министерство  за  финансии  со бр. 18-10410/2 од 03.12.2021   година,на ден 15.12.2021 година се објавува,

ЈАВЕН  ОГЛАС

За вработување  на еден  (1)  извршител на неопределено работно време

  1. Стручен соработник во културата со шифра на работно место КУЛ 03 04 Г02 012  – 1  (еден) извршител на неопределено полно работно време од 40 работни часа (понеделник-петок).
    Вработените од категоријата Г треба да имаат најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен или завршено средно образование, со најмалку пет години работно искуство во струката.

Кон пријавата кандидатот потребно е да достави:

  • Доказ за завршено соодветно образование (свидетелство, диплома, уверение со положени испити), оригинал  или  копија заверена кај нотар.
  • Уверение за државјанство,  оригинал  или  копија заверена кај нотар (не постар од 6 месеци).
  • Лекарско уверение.
  • Доказ дека не е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.
  • Уверенија, дипломи од областа на културата.

 Пријавата за вработување особено содржи:

  • Податоци за кандидатот (име и презиме, матичен број на граѓанинот, датум и место на раѓање, адреса и место на живеење, електронска адреса на кандидатот, контакт телефон), како и кратко мотивационо писмо;
  • Кратка биографија

Рокот за пријавување на јавниот оглас е 15 дена сметано од денот на неговото објавување во дневните весници.

      Постапката за селекција за вработувањето се состои од административна селекција за проверка на веродостојноста на доставените податоци и доказите доставени на јавниот оглас како и интервју. Ненавремена,  некомплетна  и  неуредна документација нема да биде предмет на разгледување од страна на комисијата.

        Изборот ќе се врши во рок од 45 работни дена по истекот на рокот за пријавување.

Работното време на Стручениот соработник во културата ќе биде од08 : 30  – 16 : 30 чaсот.

Основната  нето плата  за работно место:

Стручен соработник во културата со шифра на работно место КУЛ 03 04 Г02 012  –изнесува   29.301,00 денари.

Пријавата со потребните документи да се достават до ОУЦК ’’Ацо Караманов’’ – Радовиш.

ул. 22 Октомври бб.  2420 Радовиш.

ВД Директор

Николчо Миовски