
Анте Поповски (1931, с. Лазарополе, Дебарско – 2003, Скопје) е поет, есеист, препејувач, публицист. Бил член на Извршниот совет (Влада) на (С.Р.) Македонија, директор на весникот „Нова Македонија“ и „Вардар филм“ во Скопје, потпретседател на Републичката комисија за културни врски со странство, член на ДПМ (Друштво на писателите на Македонија) од 1956 година, а негов претседател во два мандата и претседател на Советот на СВП (Струшки вечери на поезијата) (1966/67 и 1978/79). Член на МАНУ (Македонска академија на науките и уметностите). Член на Македонскиот ПЕН центар. Автор е на 12 книги поезија и 3 книги статии и други записи
М А К Е Д О Н И Ј А
1.
Стиснете ги тревките
неа ќe ја исцедите.
Наслоните се врз каменот
името ќe и го чуете.
Симнете се во рекине
дното со неа ќe ве почести.
Легните да починете
и ноќта со неа ќe ве покрие.
2.
На овој даб името ќe ти го напишам
дождовите да го симнат
жедните в земја
да ги напоиш.
На оваа нива грутка од тебе ќe посеам
класатка да никне
со неа внучињата да ни ги храниш.
На овој рид ќe те оставам
и кога ќe заминам
пак да те гледам
Голема.
3.
Еве ја таа проста земја
од дволичен камен
и сонцеДецата уште незаодени каде откопуваат
лобањи по градинитеЕве ја таа проста земја
од пајажина
и од водиМудро слободата кај што ги запишува
селските имиња
Место икони по црквитеИ каде летото како судбина
Трае до последниот востанатЕве ја таа проста земја
од заморено дишење
и од молкНиз која времето одминува
и пак се враќа
Со неа да го сподели лажното траење.О, еве ја таа проста земја
од грч
и од чекање Што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски
А никој не ја знае.