Центарот за култура „Ацо Караманов“ – Радовиш е најстарата установа од областа на културата во Општината Радовиш, наследник на поранешниот правен субјект Работнички Универзитет ,,Киро Донев”. Основна функција на општинската установа е програмско , функционално поттикнување и развој на културата, особено на творештвото на децата и младината, културно уметничкиот аматеризам, како и за вршење на други дејности од областа на културата согласно Законот. Целосниот назив на установата гласи: Општинска установа Центар за култура „Ацо Караманов“ – Радовиш. Скратениот назив на установата гласи: О.У. Центар за култура “ Ацо Караманов“ – Радовиш.

Седиштето на Центарот за култура е во Радовиш на ул.22 Октомври“ – ББ. Основач на Општинската установа Центар за култура“ Ацо Караманов“ – Радовиш е Советот на Општина Радовиш со Одлука бр.07 – 75/1 од 29. 01. 2004 година и со Договор бр.08 – 905/3 од 26.07. 2005 година. Општинската установа Центар за култура“Ацо Караманов“ – Радовиш е локална установа од областа на културата која има својство на правно лице.