Maj Ван Фан (Mai Văn Phấn) е виетнамски поет роден во 1955 во Нин Бин (Ninh Bình), на делтата на Црвената Река во Северен Виетнам. Живее и пишува поезија во Хај Фонг (Hải Phòng). Има добиено неколку национални и интернационални книжевни награди, вклучувајќи ја и наградата од Друштвотот на писатели на Виетнам во 2010 год., Книжевната награда Cikada во Шведска во 2017, награда од Српската академија на науките и уметностите во 2019, Нагрaдата од здружението на преведувачи од Црна Гора во 2020. Има објавено 16 книги поезија, една книга со критики и есеи и 21 книги кои се објавени во странство. Поезијата на Мај Ван Фан е преведена на 33 јазици. Добитник на интернационалната награда за поезија  „Ацо Караманов“ (2020).


ЗА ПЕСНАТА НА АЦО КАРАМАНОВ

Песната на Ацо Караманов одекнува низ виетнамските полиња

Заедно со плимата што се подигнува од големите реки

Нејзината поетска убавина е речен нанос и ладна вода

што ја раѓа големата оризова жетва во нашиот роден град.

Ацо Караманов, го изговараме твоето име

Заедно со имињата на поетите и патриотите

Кои се бореле ревносно за да си ја заштитат татковината

Македонија и нашиот драг Виетнам.

Посакувам, ако имам среќа некогаш,

да зачекорам на прекрасната земја Македонија

Да положам најубави цвеќиња на гробот на Ацо Караманов

И да запалам темјан според Виетнамските обичаи.

ОД ДОМОТ НАШ

Ти собираш нешта во зависност од нивните годишни времиња

букет цветови од грејпфрут за на есен

сливи за на пролет

Ние сме пулсот на воздухот, длабок амбис, срцето на земјата

одбираме топли места за да се раскомотиме и да го поставиме нашиот мебел

ненатрупани места каде што ќе можеме да си ги поставиме масите и столиците

Ги оставаме своите грижи на трпезариската маса

со стапчиња за јадење го земаме зеленчукот од полето што е далеку од нас

рибата го закасува мамецот внатре во нашата глинена чинија

Ги љубиме стапалките близу оризовите прачки

длабоките извори, потоците и реките, малите езерца и мочуриштата

Не седи во собата предолго

излези надвор во полето, надвор на речниот брег

каде лисјата растат зелени и рибите се мрешкаат

Закасај свеж ананас или сладок портокал

и нека капне сокот на црната земја.

Препев од англиски: Даниела Андоновска-Трајковска