Хусто Хорхе Падрон (Husto Horhe Padron)

Хусто Хорхе Падрон  е роден 1943 година во Лас Палмас де Гран Канарија, на Канарските острови, во Шпанија. Билгенерален секретар на Шпанскиот ПЕН клуб од 1983 до 1993 година, основач и главен уредник на меѓународното повеќејазично списание за поезија ‘Екиваленсијас’ од 1982 до 1994 година и директор на Меѓународниот фестивал за поезија во Лас Палмас де Гран Канарија од 1992 до 2002 година. Беше претседател и организатор на Шестиот светски конгрес на поетите што се одржа во Мадрид во 1982 година. Висенте Алејксандре го назначи да ја прими неговата Нобелова награда за литература во 1977 год. и да го претставува на сите свечености подготвени во негова чест. Тој е несомнено шпански поет со најголемо меѓународно признание во последните децении... Прочитај повеќе

Maj Ван Фан (Mai Văn Phấn)

Maj Ван Фан (Mai Văn Phấn) е виетнамски поет роден во 1955 во Нин Бин (Ninh Bình), на делтата на Црвената Река во Северен Виетнам. Живее и пишува поезија во Хај Фонг (Hải Phòng). Има добиено неколку национални и интернационални книжевни награди, вклучувајќи ја и наградата од Друштвотот на писатели на Виетнам во 2010 год., Книжевната награда Cikada во Шведска во 2017, награда од Српската академија на науките и уметностите во 2019… Прочитај повеќе

Раед Анис Ал-Јиши (Raed Anis Al-JISHI)

Раед Анис Ал-Јиши (Raed Anis Al-JISHI) е дописен соработник на Универзитетот во Ајова, САД (Iowa university-USA), член на одборот за планирање на наставата за образование на наставаници на националниот Шангајски универзитет за образование – Тајван. Има преведено 5 книги, а објавено една новела, 9 поетски книги на арапски јазик од кои последната е преведена на француски, и една книга објавена на англиски („Bleeding Gull: Look, Feel, Fly“), а е преведена на српски, виетнамски и италијански… Прочитај повеќе

Клаудија Пичино (Claudia Piccino)

Клаудија Пичино е италијанска поетеса, објавена во над 100 антологии, а била и член на жири комисии за доделување значајни национални и интернационални книжевни награди. Пичино е национален раководител за Европа за Светскиот фестивал на поезијата (World Festival Poetry), ја промовира истанбулската култура во Италија како амбасадор на асоцијацијата „Ист Санат Арт“ (Ist Sanat Art Association). Има објавено 34 книги поезија меѓу кои има нејзини авторски книги, но и преводи на италијански јазик на познати поетски имиња ширум светот… Прочитај повеќе

Јин Шјиаојан (Yīn Xiǎoyuán, “殷晓媛”)

Јин Шјиаојан (Yīn Xiǎoyuán, “殷晓媛”) е авангардна поетеса успешна во повеќе стилови на пишување, меѓу кои и лирика во проза, а исто така и писател со иновативен транс-жанровски пристап, мултингвален автор, основач на Енциклопедиската поетска школа (Encyclopedic Poetry School (est. 2007)), иницијатор за движењето Hermaphroditic Writing Movement и главен дизајнер на Декларацијата на  Hermaphroditic Writing.…. Прочитај повеќе

МАМТА САГАР (ИНДИЈА)

Мамта Сагар е позната Канадска поетеса (еден од поголемите дравидски јазици на Индија, драматург и преведувач од Бенгалуру. Нејзиното творештво е фокусирано на политиката, феминизмот и културниот диверзитет. Нејзините поетски настапи се мултимедиумски и повеќејазични, а ја истражуваат и можноста за поврзување со музиката. Активно се занимава со меѓународни проекти. Добитник е на значајни книжевни награди. Работела како универзитетски професор по компаративна книжевност, преведување, феминистички, постколонијални и културни студии. Била кустос на повеќе книжевно-уметнички фестивали и реализатор на поетски и преведувачки меѓународни работилници... Прочитај повеќе

Роза Бојанова (Roza Bojanova)

Роза Бојанова е автор на 16 книги поезија и публицистика. Во печат е и поетската книга „Обратна гравитација“ во издаваштво на Макавеј – Скопје. Поезијата на Бојанова е преведена на англиски, руски, германски, украински, грчки, турски, полски, хрватски и романски јазик. Основач е на литературното студио „Матични птици“ при Центарот за култура „Љубен Каравелов 1940“ и е дел од програмскиот одбор за Мајските средби на словенските автори „Свето слово“, како и на Меѓународниот конкурс за млади „Уметност против дрога“… Прочитај повеќе

Иван Христов (Ivan Hristov)

Иван Христов (1978) е поет и литературен критичар. Автор на четири поетски книги, а е преведен на над 10 јазици. Во 2015 год. му излегува книга на турски јазик, во 2018 – на француски во рамки на проектот „Версополис“. Од 2010 е член на организациониот комитет на меѓуанродниот фестивал „Поетики“ (Софија). работи во Инситутот за литература при Бугарската академија на науките.Прочитај повеќе

Калина Изабела Зјола (Kalina Izabela Ziolo)

Калина Изабела Зјола е полска поетеса, преведувач, книжевен критичар, новинар и аниматор на културата. Нејзината поезија е преведена на повеќе јазици, а е објавена е во многу книжевни списанија и антологии. Член е на Сојузот на полски писатели, на книжевниот клуб „Дабровка“ во Познањ, на Здружението на светските писатели Поетас дел Мундо, секретар на Управниот одбор на Здружението на полските новинари и почесен член на друштвото на писатели на Ерменија… Прочитај повеќе

Валерио Орлиќ (Valerio Orlic)

Валерио Орлиќ (Риека,1967) основач е и почесен претседател на Хрватското книжевно друштво како и рецензент на издавачката дејност на ХКД. Уредник е на списанието „Крик„ како и во уредништвото на списанијата „Книжевно перо„ и „Задарски книжевен летопис”.

До сега има објавено давесет и една збирки поезија. Книжевните дела му се застапени во антологиите и списанијата во земјата и во странство, а преведуван е на тринаесет светски јазици. Добитник е на повеќе меѓународни книжевни награди од кои ги издвојуваме наградата „ХОМЕР„ за придонес во европската и светската литература во Брисел (2018) и Балканска награда за поезија Караманов 2019… Прочитај повеќе

Антје Стен (Antje Stehn)

Антје Стен е поетеса и визуелен уметник. Родена е во Германија, а
живее во Италија. Од 1990 ја промовира својата работа во Европа и САД интегрирајќи ја поезијата со уметноста. Дел е интернационалната организација “Poetry is my Passion” во Милано и организатор на транскултурни настани. Го уредува меѓународниот поетски блок “Milano, una città mille lingue“ за поетското списание TamTamBumBum. Од 2019 е дел од интернационалното поетско движење Realismo erminaleосновано
од Giudo Oldani, а од 2020 год. е дел од научниот одбор на Малиот музеј
на поезијата во Пјаченца… Прочитај повеќе

Атила Сабо Палок (Сабо Палоч Атила)

Атила Сабо Палок (Сабо Палоч Атила) е роден во 1971 година во градот Сента, Војводина. Дипломирал на Академијата за уметности во Нови Сад. Својата прва збирка поезија ја објави во 1993 година во Нови Сад. Оттогаш, има објавено 18 книги, главно поезија и проза, но и драмско и книжевно новинарство. Пишува на унгарски јазик, објавува книги во Нови Сад, Сента, Суботица, Осиек и Будимпешта, а една книга е објавена  и на унгарски во Украина. Редовно преведува од англиски и јужнословенски јазици и има објавено повеќе книги со преводи. Живее и работи во Унгарија, а  од 2004 година и е член на Унгарската асоцијација на писатели. Добитник е на Повелбата Морава (Здружение на писатели на Србија). Кон крајот на 80-тите години беше еден од основачите на театарската група АИОВА... Прочитај повеќе

Емилио Паз (Emilio Martin Paz)

Емилио Паз (Лима, Перу) е професор по филозофија и религија. Автор е на три книги поезија. неговите дела се објавувани насекаде во Перу, Чиле, Аргентина, Венецуела, Колумбија, Еквадор, Бразил, Коста Рика, Мексико, САД, Романија, Шпанија, Индија, Куба, Бангладеш, Бугарија и Италија. Се занимава со проучување на поврзаноста меѓу естетиката, образованието и поезијата. Го води блогот El Eden of poetry (https://edenpoetico.wordpress.com/), и раководи со The Kametsa Magazine... Прочитај повеќе

Звонко Танески (Zvonko Tanevski)

Звонко Танески(1980), поет, есеист, критичар, преведувач. Работи како универзитетски професор по јужнословенски литератури и книжевна компаратистика на Универзитетот Комениус во Братислава, Република Словачка. Автор на поетските книги: Отворени врати (1995), Хорот на гнилите лисја (2000), Срт (2003), Чоколада во портфолио (2010), Нежности без гарантен лист (2012) и Чекајќи ја историјата (2016). Добитник на наградата “Ацо Караманов” за 1998 година, а наедно и носител на повеќе значајни меѓународни награди за поезија, наука и превод…. Прочитај повеќе