Делвина Крлуку е родена на 1985 г., во Дебар, каде што завршува средно образование. Дипломирала на Економскиот факултет на УЈИЕ, а магистрирала нa Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Предавала на ДУТ и на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Била претседател на Друштвото за наука и култура „Јосиф Багери“. Ги објавила стихозбирките: „Муза“, „Трага“, „Алтар“, „Граблив сон“, „Стих од роза“, „Заливи на осамата“; „Предговор на нашите денови“ (раскази); „Татко ми и Титовите кученца“ (публицистика); „Побледена надеж“ (книжевни репортажи); „Различни со…“ (интервјуа). За своите творби има добиено повеќе домашни и меѓународни награди. Член е на ДПМ и на ДПАМ.

ВОДИТЕ СЕ СРЕТНУВААТ

Слатка е реката од кај што идам јас,

Солено е морето кај што сега јас сум

И далечината не одвојува, не одвојува

Душите по небото без граници си летаат

Како галебите над моето море,

Твоето езеро, реката наша.

И на душата спокој му подаруваат

Копнежот за тебе ми го будат

Водата по моето тело тече замаено

Смирува за миг сешто е разгорено.

Реките доаѓаат од сите страни

И се сретнуваат возбудени

И се прегрнуваат како заљубени

Јас се стопам во морето на убавината

Ги потопив белите прсти во Црното Море,

Собрав школки што ти ги сакаш,

Но не и разделба, и тага не собрав.

                                    Созопол- Бугарија

На љубовта…

Го позајмив увото на векот

И го поставив кај цвеќето на старата липа

Шепотеше за љубовта,

Го поставив кај цветот на средната липа

Зборуваше за љубовта

Го поставив кај цветот на младата липа

Пееше за љубовта…