Милчо Мисоски (26.09.1972 г. Струга) завршил медицинските студии во Софија, а на Медицинскиот факултет во Скопје специјализира Микробиологија со паразитологија во 2003 г. Магистер на медицински науки станува во 2010 г. Од 2014 г. е примариус.  Во 1989 г. на Ратковиќевите вечери на поезија Бјело Поље (Црна Гора) добива награда за збирка поезија од млад автор. Негова поезија е објавувана на просторите од поранешна СФРЈ во повеќе списанија Автор е на 5 поетски книги.

ПРЕПОЗНАВАЊЕ
 
I.
Текстот немаше рамка
не ме препознава просторот кој знае се
тоа е доволно невиност
во времето што се раѓа
го помрднува погледот
го облекува зборот
создавање
препознаено од насмевката на дождот.
 
II.
Дребулии
Поцрнети ѕвезди
Прозирни крилја
Мала географија на вистината
Растопена во линијата без точки.
 
III.
Ноќта будност
прелет преку орбитата на
невозможното.
Во лавиринтот од желби