Автор е на пет поетски книги  и два романи, како и голем број на трудови од областа на комуникологијата, семиотиката, мултикултурализмот, театарот објавени во разни списанија и презентирани на голем број конференции низ светот (Гетеборг, Осло, Милано, Белград, Скопје, Нови Сад, Лондон итн.) Неговата последна пиеса Тврдина е објавена на англиски јазик од страна на издавачката куќа Лулу од Јужна Калифорнија, САД, додека неговите детски пиеси се објавени на српски јазик од страна на издавачката куќа Алма од Белград .Автор е на повеќе осврти, научни трудови и др. Главен и одговорен уредник е на книжевното списание Книжевни елементи и на веб списанието Елементи.

ПРОКЛЕТСТВО
 
Чинките доспеаја
Во калифатот на самотијата
И чекаат на промешување.
 
Сега не сме сите заедно,
Посами не сме биле,
А утрежот не ни е на на видикот.
 
Ако болката во стомакот
Треба да ме повлече силно
И да ме наведе на себепокајување
Ќе се издвојам од ништото
Ваков обесправен, обесхрабрен,
Сет и неосет, преселник,
На душата расселеник.
 
Црната земја окаменува,
Ние се замислуваме, се промислуваме.
Ние велам по навика,
На јас ми е страв да помислам,
Зашто зарекот ме вкочанува
И јас мислам на трета болка,
За искушението да ми биде надеж,
Постојбина, покајница.
 
Ни времето не можам да го повикам,
Застнаа сите часовници.
Сега ќе бориме релативни честички
И ќе се соблекуваме
Ние, а јас …
Голи и тажни, обраснати
Со придавки, без глаголи,
Без врзници, со идиоми
Проколнати, недоброј, а никој.
 
Во дупките се сместени животни,
Инсекти и птици,
Диносауруси, ихтиосауруси,
Гмизавци, бронтопси.
Зелени површини
И почеток за показ.
 
Нема ништо од надежта,
Само ден без крај и заслепеност.
Од каде ова сонце? Чие е?