Сузана Мицева родена 18.01.1987 година во Струмица. Пишува поезија и проза за деца и возрасни, објавува свои публицистички трудови, учествува на научни конференции. Неколку години пишува за литературните списанија за деца Росица, Другарче и Развигор. За поетската книга „Мостот на копнежите£ ја добива наградата „Антологија на болката“на 52 Рацинови средби. Во 2017 година победува на Меѓународниот поетски фестивал „Лирски гласови“ во Софија, Бугарија во категоријата поети од странство. Во 2018 година ја добива наградата Горан Бујиќ во Задар, Хрватска за млад книжевник-новинар што ја доделува Хрватското книжевно друштво.  Има објавено четири збирки поезија за возрасни и една за деца.

НЕКАНЕТА

По ваков снег

пристигна и кај нас смртта

но веќе никој немаше дома.

Ја повикале комшиите

да преноќи кај нив,

била упорна дека не е за таму

овде ѝ е добро

може да почека уште некој ден.

Кога се вративме

седеше на скалите

лута како јасник

и тате сам ја извади секирата

и удри по најмалата топола.

Знаеше колкава е мерата…