Јовица Илиќ (1975) е роден во Смедеревска Паланка (Србија). Тој е поет и кантавтор.  Дипломирал на институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2015 година. Член е во советот на меѓународната книжевна манифестација „Караманови поетски средби“. Досега настапувал на повеќе меѓународни фестивали, а неговата поезија е застапена во повеќе зборници и списанија, во земјава и странство. Компонира музика за деца а досега се објавени две песни во хуманитарната поетска книга „Љубав је плава шкољка у којој станује небо“ на текст на Душица Ивановиќ (Србија) наменета за деца со посебни потреби. Објави: Сет издание „Легитимна опсесија“ (книга поезија) & „Разоружена страст“ (цд) (2015), Сет издание „Граници од Земја“ (книга &цд), (2018).

РАЗОРУЖЕНА СТРАСТ

Антрополошки истрошен

Провинциски апстинирам

Сами сме под небото

Јас и песот

Просјачиме низ градот

Естетика поразлична од темнината

Пред секоја урнатина тој лае

Небаре ќе го пробуди уништеното

Мојата страст е разоружена

Повеќе не сум господар пред излозите со храна

Останувам сам со гитарата

И ноќните птици