ЉУБИНКА ДОНЕВА  (1951, с. Соколарци) е долгогодишен професор по македонски јазик и литература. Таа е поетеса, писател за деца, книжевен критичар, лексикограф. Член е на ДПМ  и член на Собранискиот одбор на ДПМ. Исто така била член и на редакцијата на Стожер (гласило на ДПМ) и во комисии за доделување високи награди, за книжевност за деца (Ванчо Николески) и награда  за поезија (Ацо Шопов). Има објавено 6 поетски книги,  Речник на древни зборови во творештвото на Светлана Христова-Јоциќ, една книга со критики (наградена со Книжевен круг)   и 3 книги за деца. Добитник е на наградата „Даница Ручигај“ за 2021.

СТУДОТ ВО МЕНЕ

Каков студ е тоа во мене

што стега и рие

кажи ми

Кажи ми

како да ја распрскам

да ја разнесам оваа тага

што ми ги снеможе клетките

коските што ми ги к`ти

што ги нагризува

Забите

што ги забила

во меките меса

Не теши ме

Не отежнувај ми

Само кажи ми како да ја распрснам

Како да ја разнесам оваа тага

што покрила покриви

Планини што поклопува

И полиња

Со плач просторот што го исполнува

И с(è)е замаглува

Се спрема да затемни

Да стемни

Каковтоа студ стегаво мене

Во нас.