Агрон Шеле (1972, с. Лескај, Пермет, Албанија) е автор на 3 новели, 5 поетски книги, а е координатор на редакцијата на меѓународните антологии: “Open Lane- 1,” “Pegasiada , Open Lane- 2 , ATUNIS magazine ( Nr 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8 )” and Atunis Galaxy Antholgy 2018, 2019, 2020. Добитник е на неколку книжевни награди, член е на Друштвото на писатели на Албанија, Светската асоцијација на писатели во Охајо, Поети од светот и претседател на Меѓународната поетска галакција „Атунис“. Објавуван е во многу книжевни списанија и антологии. Живее и работи во Белгија.

РАЗГОВОР СО ШАРЛ БОДЛЕР
 
Ти секогаш доаѓаш на ист начин
понекогаш како дух
заглавен во сивата мозочна маса
друг пат како лош цвет
иако се појавува во темни бои
ја покажува големината на морето од сликата
белите едра на бродот што доаѓа и заминува
од збунетиот и конфузен поглед на очите
или од кринот од езерото што сјае
на телото на животот
тело и душа обременети од тага
ѓаволи и ангели
насликани во капелите пред векови од врвни мајстори.
 
Сигурен сум дека погледот ти е фиксиран на оваа иста црква
што секогаш различно се појавува
беше луд по коњски гриви
на панаѓурот
каде јас се најдов во сообраќајот на истата крстосница
на истиот плоштад со калдрма налик на забите на Кадмо
тие букви
ги промрморе со последниот здив
како највеличествена душа на тагата
која никогаш нема да има мир…!
 
 
 
Препев од англиски на македонски: Даниела Андоновска-Трајковска
Translation from English  into Macedonian: Daniela Andonovska Trajkovska