АРИЈАН ЛЕКА (1966), албански поет, прозаист, есеист, детски писател и преведувач. Докторирал на албанска акнижевност. Завршува специјалистички студии од областа на модерната италијанска книжевност. Автор е на над петнаесет поетски и прозни книги преведени на голем број светски јазици. Поважни дела: Во ова време ништо не се случува; Коработ на сонот; Домашна змија; Страбизам; Поправање грешки; Долап; Во потрага по изгубената кошула;Роден во провинција. Добитник е на голем број домашни и меѓународни книжевни признанија. Главен и одговорен уредник е на книжевното списание Поетека Албанија и основач и раководител на поетскиот и книжевен фестивал „Поетика.“

Четврти дел
XV
 
Љубовта во твоите заби се беси како срна
со сè уште млак здив.
Пердувите забодени во месото, долги копја.
 
Беше гнездо или птица.
 
Птица со перја на телото?
Или покрив со керамиди?
 
Наострен, окован добро,
иако со меки рабови.
 
Меѓу небото и земјата
секогаш има една точка
која се вика птица.
Никој нема да умре без глас
сè додека јас застранувам
кон животот.
Ништо не ќе настрада éè додека ме има.
 
Господе!
 
Ти кој знаеш да го земеш секој облик
и кој си збор!
Ти кој знаеш само да даваш дарови
и видови на дарови за срца.
 
Гоподе!
 
Дали можеш да станеш птица?
Се будиш ли ноќе да им исчистиш со клунот
сé
родено слабо,
грубо,
млако и скаменето
особено?
 
За двајца кои можеа да сторат нешто во животот.
Двајца кои нешто можеа да сторат со уста,
со писанија,
легнати,
седнати
или едноставно одејќи пеш…
 
Една срна со сè уште млака крв ги чека…
 
И љубовта меѓу забите..
.
Препев од албански на македонски: Илир Ајдини