Родена е во 1973 година во Пула. Дипломирала англиски и италијански јазик и книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб, Ги објавила поетските книги ( 2018) „Гризам“ во издавачката куќа „Биакова“( 2019) „Мислам дека видов вонземјанин“, (2021) и стихозбирката „Пандорината кутија на продажба“ во соработка со издавачката куќа Ирена Станиќ Рашин, во издавачката куќа „Перлина прес“ од Бостон. Денес може да се најде на полиците на Конгресната библиотека и во излогот на еден од најголемите синџири на американски книжарници Barnes & Noble. Објавува и познати списанија  на различни портали,

 Во училиштето каде што работи го дизајнирала проектот „ГЕСТА“.Вклучува создавање на оригинални театарски претстави. Во 2014 година „ГЕСТА“ беше прогласен за најдобар проект во Хрватска во категоријата креативна и иновативна едукативна програма на Денот на креативноста и иновативноста.

Од 2020 година Ја уредувам и водам емисијата „Запирката ми е слаба точка“ на Радио Јаска. Емисијата се занимава со култура и е домаќин на познати уметници.

УЧИЛИШТЕ

што ако човекот е креда

а Бог сунѓер

што ако учениците

излегуваат пред таблата

и пишуваат со креда

кои се тогаш учениците

и што е таблата

и што ако сè веќе постои

и што ако некој

само се се занимава

со претпоставките

што ако училиштето

е само впивање

ќе останат ли на крајот

сите замисли

во сунѓерот

Препев на македонски: Борче Панов