Беатриз Сааведра Гастелум (Beatriz Saavedra Gastelum) е магистер по книжевни студии на Универзитетот од Барселона, Шпанија. Таа е писателка, поетеса, истражувач, есеист. Има докторат од областа на лидерството, кодиректор е на издавачката куќа Floricento publishing house, AC, директор на Институтот за книжевна критика (Instituto de Crítica Literaria CDMX). Има објавено 14 поетски книги, збирка со есеи “La erotica de Gricelda Álvarez”, и координатор на работилницата за креативно пишување на Alfonsina Chapel CDMX (INBAL). Директор е и на “Wisdom Poetics” во рамките на Музејот на жените, активен член на Шпанската асоцијација за академско истражување за жените, директор на центарот за проучувања за жените при Националната академија за историја и географија на Државниот универзитет од Мексико, директор е Меѓународниот фестивал Women in Letters ANHG-UNAM. Води книжевни и поетски проекти и пишува научни трудови кои се објавени во меѓународни академски списанија.

ПРАЗНИНА

Ја собирам слепо ноќта

што доаѓа рано,

моето тело, едвај дише,

мртва ли сум?

оваа ноќ

не постои место

месечината горе

е сама.

Помеѓу пукнатините пространата тишина

е молња што гори

моите соништа  за црни бранови зборуваат

за откуп на уништеното време.

Скоро родената мисла

ја носи својата струја.

Амбидекстрозните гестикулации

кои ги уништуваат нивните отворени очи

се остатоци од неодлучни ѕидови,

сеќавање кое огледалото го заматува.

Мојот делириум се крева,

ме бакнува,

ме напаѓа.


Препев од англиски на македонски: Даниела Андоновска-Трајковска
Translation from English  into Macedonian: Daniela Andonovska Trajkovska