Божена Елена Мажур-Новак (Bozena Helena Mazur-Nowak) е полјачка која од 2014 година живее во Обединетото Кралство. Има објавено 9 поетски книги од кои 4 на полски и 4 на англиски јазик и една на телугу јазик.  Во процес на објавување се нејзини поетски книги на хинди, грчки, руски и арапски јазик. Автор е и на две новели и неколку збирки со кратки раскази. Објавена е во над 100 антологии и списанија. Добитник на повеќе награди.  Нејзината поезија е преведена на повеќе од 20 јазици.



И КОГА ТОЈ ПОСЛЕДЕН ДЕН ЌЕ ДОЈДЕ

Мој ангелу чувар,
со години чекориш заедно со мене низ животот,
подавајќи ми рака кога паѓам беспомошна,
ме заштитуваш кога не можам да го препознаам злото,
а сега толку многу зло има на светот, толку многу се умножува, се шири, крвари и триумфира брзо.


Боговите кои луѓето ги издигнале до највисоките пиедестали,
најверојатно гласно се смеат на човечката глупост.


Тие треба да прават само добро
и да нѐ учат да имаме љубов за соседите,
но човекот е тој кој ги направи средство за војување.

Со името на Бог на нивните усни,
овие „рационални“ суштества
освојувале нови земји, убивале, ограбувале и силувале.


Човечката историја е напишана со крв и болка.
Колку уште карти на историјата ќе бидеме во можност да почувствуваме во сето тоа
пред последното животно да умре,
пред ние, луѓето, да го исечеме и последното дрво,
пред олигархот со дебел стомак да го фрли во нивното непотребно богатство својот последен крвав долар?
пред…


Препев од англиски на македонски: Даниела Андоновска-Трајковска
Translation from English  into Macedonian: Daniela Andonovska Trajkovska