Владимир Луков е познат бугарски поет и писател, добитник на државна награда за придонес во развојот на бугарската култура. Роден е во 1949 година во село Ценово, област Русе. Тој е потомок на бегалци од Егејска Македонија, село Пателе, Леринско. Автор е на единаесет стихозбирки, од кои две „Провиденија“ (2006) и „Сончев појас“ (2016) се објавени во Република Македонија. Во Бугарија е познат и по неговите книги во два тома „Местото каде започнува бесконечноста“ (2012 и 2014 година). Како поет е застапен во многу бугарски книжевни изданија, како и во македонски, француски, шпански и мексикански книжевни списанија и антологии. Поетот е потпретседател на Сојузот на слободни писатели во Бугарија.

ИЗВОР
 
Секоj мисли дека те познава
и дека всушност сам се исцпруваш…
 
Се наведува, пие, ако му се пие,
ако не – пак пие и заминува…
 
Никоj не прашува како доагаш невидлив
и како иако видлив некаде се губиш…
 
А и не мора – затоа што можеш пред секого
да се разоткриваш незабележано…
 
 
Превод од бугарски на македонски: Паскал Гилевски