Дарија Жилиќ (1972, Загреб) дипломирала на историја и компаративна книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Објавувана е во многу домашни и странски научни книжевни списанија, а е уредник на списанието кое го издава Хрватското друштво на писатели, на повеќе публикации и на третата програма на хрватското радио. Преведена е на италијански, албански, бугарски, турски, словенечки, македонски и англиски јазик. Има објавено 16 книги поезија, проза, критика и есеистика, а преведува и современа американска и англиска книжевност, но и други значајни автори од англиски на хрватски јазик. Има добиено значајни награди за својата книжевна дејност.

ПРСТИ И ПРЕРИИ

Tвоите прсти како големи, бели ножици,

Како краци на безвремена медуза

Се слеваат во моето корито, како

Да ги испратила таму реката што се губи

Во утробата, до местото каде што започнува светот.

Зачнување или друга, најважна дефлорација,

Онаа од којај започнува Живот нов, твојот и мојот,

Зашто секое тело живеело во својато

Раздвоеност, како непотполно или конечно,

Замрзнато или недопрено. Прсти во преријата

Меѓу тревите и дивите кучиња, во долот во

Кој само песокот се преместува и троши. Времето

и сните се повлекуваат од реалноста и сонувањата,

Прстите кои го истражуваат моето битие внатре

Каде нема ништо, ниту пак некој се има помрднато.

простирките ќе останат суви и засекогаш недопрени,

Како бели едра на насукана галија, како отпечаток

Бел што ја покажува силуетата на доживотната Љубов

Препев на македонски: Борче Панов