Димитрис П. Краниотис (Dimitris P. Kraniotis) е наградуван грчки поет роден во 1966 година во Стомио (Лариса), Централна Грција. Студирал медицина во Солун, а живее и работи во Лариса како доктор – интернист. Автор е на 9 поетски книги објавени во Грција и странство. Главен уредник е и на една поетска антологија на англиски јазик.. Има добиено повеќе поетски награди, а преведен е на 25 јазици. Има почесен докторат во Италија, бил претседател на 22 Светски конгрес на поетите во грција 2011, претседател на Друштвото на светски поети (WPS), директор на Медитеранскиот поетски фестивал вво Лариса, амбасадор на движењето „ Poetas del Mundo“, член на ПЕН Грција,… http://www.dimitriskraniotis.com/


ВО БЛЕСОК

Ги повреди границите
кои го закопаа своето
знаење за тебе,
ги уништи затворите
зад завесите
запалени од
искрата на твојот гнев,
без плач,
без шепотења,
во eден блесок,
толку едноставно беше,
ти ја роди светлината
кога го прегрна
некажаното
(иако напишано)
во темнината.


Препев од англиски на македонски: Даниела Андоновска-Трајковска
Translation from English  into Macedonian: Daniela Andonovska Trajkovska