
ЕЛКА ДИМИТРОВА (1971) живее и работи во Софија. Се занимава со академски литературни студии и книжевна критика, пишува поезија. Работи како вонреден професор по нова бугарска литература на Институтот за литература при Бугарската академија на науките. Автор е на монографиите „Изгубената историја“ (2001) и „Маргиналниот интелектуалец“ (2016), четири тома „Нови анализи на книжевните дела“ (2002 – 2004), студии и написи, предговори на книги, критички осврти. , три стихозбирки („Велигденска смеа“, 1993; „Круг“, 1998; „Во самракот на мислите“, 2008, последната – преведена на македонски јазик). Добитник е на повеќе поетски награди (награда на Универзитетот Шумен за поезија, „Јаворови денови“, „Дора Габе“, Награда на Француската академија за поезија и др.)
МЕМОРИЈАТА НА ПТИЦИТЕ
Не знам каква е меморијата на птиците.
Одамна не сум се преродила како птица…
Но, денес видов една необична птица –
со издолжен клун и шарени пердуви –
кружејќи над мочуриштата во паркот –
над патките, врани и косевите,
кружеше, крескава и убава.
Додека ја следев,
погледот ми падна на земја –
пред моите нозе лезеше
изглодан труп на птица –
со необично
издолжен клун и шарено перје.
Не знам каква е меморијата на птиците
и колку долго талкаат во кругови, оставена од друга птичја душа.