Жермен Дрогенброт (Germain Droogenbroodt) е меѓународно признат поет, преведувач, издавач и промотор на меѓународната модерна поезија. Пишува кратки приказни, литературни критики и поезија и има објавено 14 книги објавени во 19 земји. Основач е на Белгиската издавачка куќа  POINT Editions во која објавил над 80 поетски книги, организирал неколку поетски фестивали во Шпанија, потпретседател е на Михаил Еминеску академијата во Роамнија, коосновач и советник на Италијанското Poetry & Discovery, и основачки претседател на шпанската културна фондација ITHACA. Го покренал движењето Poetry without Borders, објавувајќи песни на реномирани поети еднаш неделно на повеќе од 30 јазици. Тој е наградуван поет и редовен учесник на најпрестижните поетски фестивали во светот. Бил номиниран за Нобелова награда за литература во 2017.

РАЗДЕНУВАЊЕ


Како вулкан
што ја плука својата светлечка лава
во дебелиот слој на облаците
се појавува од никаде зората
задоволство за фасцинираното око
неинфицирано или ослепено
од дигиталната индоктринација.


Препев од англиски на македонски: Даниела Андоновска-Трајковска
Translation from English  into Macedonian: Daniela Andonovska Trajkovska