Зоран Певец, 1955, Целје, поет, есеист, уредник, потпретседател на Друштвото на писателите на Словенија. Има објавено девет збирки поезија. Објавил прирачник за креативно пишување (2006) и монографија за словенечката урбана поезија (2018). Награди: „Витез на поезијата“ (2006), „Чаша на бесмртноста“ (2013) за врвен 10-годишен поетски опус во Словенија, номинации: за наградата Вероника, 2018 година (за најдобра поетска збирка на годината во Словенија) и за Јенкова награда, 2019 година за најдобра поетска збирка избрана од Друштвото на писателите на Словенија); во 2021 година гостуваше (поради пандемијата од ковидот, за жал само виртуелно) на Струшките вечери на поезијата во Струга -Македонија.

С Т А Л К Е Р
 
*Mene mene tekel upharsin
Барање на Божјата будала.)
Да се насмевне на бојата на слабоста.
Што е прашањето за невиноста?
Трепкаш  и се нуркаш
во ситниот пролетниот дожд.
Интерпретаторот на тркалезните облаци на небото
бавно ползи под кожата
и чека демнат на тајната ситуација
Заминуваш и не се враќаш
на одминатиот пат,
доаѓаш и не знаеш
за сувиот тунел полн со вода.
Вода си која стоејќи тече.
Го водиш поетот по стрмата карпа на вдахновението
и безнадежниот удар на песната за странецот,
кој на рамениците свои
дете без нозе носи.
Ќе живееш сто години,
но зошто не и засекогаш
Засаден во сивиот раб на кревкоста ќе бидеш
во кривините од сонот во зоната,
каде што бакнежите цветаат, но не мирисаат.
 
(Од стихозбирката Како да се стане никој,
ЛУД Шерпа, 2018).
——————–
*
(Изброени се деновите наши и доведени до крај)
 
Препев на македонски: Борче Панов