
Игет Бертранд (Huguette Bertrand) е меѓународна француско-канадска поетеса и уредник од Канада. Пишува и уредува поезија на француски 38 години, а има објавено 39 поетски книги. Незјината поезија е објавена во многу меѓународни списанија и преведена на повеќе јазици. Има учествувано многу поетски читања, промоции, уметнички изложби на нејзина поезија заедно со познати уметнички дела во Квебек и Франција. Таа е претставник од Канада на меѓународното движење IMMAGINE & POESIA (Италија) и уредник на дигиталните антологии на истото движење од 2014.
ГОДИШНИ ВРЕМИЊА
Есента е несреќа за дрвјата
се покажуваат тие голи
со гранки кои го прегрнуваат
сивилото
што капе од очите
на изгубените луѓе кои поминуваат
покрај нивКога пролетта ќе се појави
дрвјата почнуваат да изгледаат паметно
цели облечени
со нови лисја
им цртаат насмевки
на лицата на луѓето
кои се шетаат наоколуБидејќи летото е изгорено
а зимата замрзната
ајде да уживаме во дрвјата
во нивните новородени лисја
кои треперат околу луѓето
и цртаат по една песна
во секој умПрепев од англиски на македонски: Даниела Андоновска-ТрајковскаTranslation from English into Macedonian: Daniela Andonovska Trajkovska