MaиВан Фан (Mai Văn Phấn) е виетнамски поет роден во 1955 во Нин Бин (Ninh Bình), на делтата на Црвената Река во Северен Виетнам. Живее и пишува поезија во Хај Фонг (Hải Phòng). Има добиено неколку национални и интернационални книжевни награди, вклучувајќи ја и наградата од Друштвотот на писатели на Виетнам во 2010 год., Книжевната награда Cikada во Шведска во 2017, награда од Српската академија на науките и уметностите во 2019, Нагрaдата од здружението на преведувачи од Црна Гора во 2020. Има објавено 16 книги поезија, една книга со критики и есеи и 21 книги кои се објавени во странство. Поезијата на Мај Ван Фан е преведена на 33 јазици. Добитник на интернационалната награда за поезија  „Ацо Караманов“ (2020).

ЦЕЛОСНА ЛУЦИДНОСТ

Ги користам моите мисли за да го насочам стаорецот

да се појави од тесниот отвор на канализацијата

да претура по кантата за отпадоци

да легне таму и да умре

Ако камионите за ѓубре ги однесат мртвите стаорци до нивното вечно почивалиште

овој град ќе се ослободи од стаорците за навек.

Нов начин на размислување:

Се црпи вода од Хај Фонг пристаништето

Водата сама се прочистува

Шишињата сами се тркалаат во рестораните и хотелите

Сиромашните одат на тие места за да собираат котизација.

Прославуван како феномен

објавен на насловните страници на списанијата

се гостев се додека не се онесвестив.

Дали вие, луѓе, ме носите дома?

Дали оној на велосипедот оди во тесната уличка

или илјадници актери изведуваат претстава на плоштадот?

Нема потреба да се поткревате и да зборувате за верба и надеж

додека поминувате низ тесниот процеп на вратата Океанскиот ветер стрела студени и свежи стрели во тебе.

ВАРИЈАЦИИ НА ЕДНА ДОЖДЛИВА НОЌ

Дождот конечно доаѓа

И молњата грми

Нежни пукотници се соблекуваат голи во темнината

Земјата сака да ја скрие својата неплодна сувост

Кога корењата го чувствуваат својот пат во нашите гради


Заедно сакаме

И заедно се сеќаваме

На една конусна капа од лисје и едно палто за на дожд или секавица на небото

Небото лежи со сите гробници во него

Неговата црна кошула сѐ уште виси на дрвјата


Заедно нештата се оладуваат

И заедно нештата одекнуваат како ехо

Гласовите се губат во нашиот длабок сон

Каде безброј соништа превртени наопаку се уништени

Во оваа студена дождовна вода што се шири и одекнува.


Препев од англиски на македонски: Даниела Андоновска-Трајковска
Translation from English  into Macedonian: Daniela Andonovska Trajkovska