
Мансур Нурбакаш (Mansour Noorbakhsh) пишува и објавува поезија и проза и на англиски и на персиски јазик. Неговата книга “In Search of Shared Wishes” е објавена во 2017 година. Се обидува да биде гласот на слободата, човековите права и природата. Ги претставува современите кандски поети на неделната програма на персиското радио https://persianradio.net
НА РАБОТ НА СОМНЕЖОТ
еден љубовен здив
е доволен да ме спаси
од работ на сомнежот
светлината што ја држеше
не беше посветла од твоите очи
твојот поглед навести дека тие очи
не прават ништо за слепите срца
светлината од секогаш беше таму
тоа што ми го донесе
беше начинот на кој треба да ја гледам светлината
а сонцето само се сеќава на твојот поглед
Препев од англиски на македонски: Даниела Андоновска-Трајковска
Translation from English into Macedonian: Daniela Andonovska Trajkovska