Маријан Гракалиќ (1957) e југословенски и хрватски новинар и писател. Син на М. Гракалиќ. Тој е еден од основачите на списанието ЗООН  Политикон (1978) на Факултетот за политички науки во Загреб. Пишувал во Кворум, Питања, Полет, Данас, Вечерњи лист, Радничке новине, Оџек, Старт, Младина, Вјесник, НИН и други добри весници и списанија од осумдесеттите години. Од 1989 до 1993 година бил главен уредник на независното месечно списание „Азур“ и истоимената издавачка куќа. Работел кратко во Младост и Глобус. Денес го уредува порталот на Културната мрежа на Југоисточна Европа, Радио Горњи град. Автор е на петнаесетина книги проза и поезија објавувани во периодот 1988-2015 год.

СРЕЌНИОТ  КИТ МИХАИЛ

Твојот скелет ќе биде изложен на Црвениот плоштад во Москва

училишните деца ќе трчаат меѓу твоите огромни ребра

јадејќи шеќерна волна додека гласот од мегафон ќе зборува

дека се викаш Махаил, и дека си бил големо и силно животно,

кое имало толку силен инстинкт да преживее поради што

мораа да те препарираат и да те претстават како таков

пред младите поколенија како пример за тоа што се чини,

и кон што сè се стреми секој вид во својата конечност.


Затоа, не биди поразен на морето, Михаил, бидејќи длабочината

ранува кога водата мрачн ја прелева мрежата на животот и свеста.

Одамна во чаша вода е изгубена Атлантида и вербата на потопот

Ги потопи вековите со поза, имитирање и темнина.

  Песна твој не може да ги врати изгубените лета, но без неа

нема море, нема океан, а се плашам дека ја нема ниту Москва.


Препев на македонски: Борче Панов